World News in Macedonian
Сентябрь
2025

Новости за 27.09.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Убиени најмалку 44 лица во Газа додека Израел ги игнорира барањата за прекин на огнот

Израелските напади и огнено оружје убија најмалку 44 лица низ Газа, соопштија здравствените власти, додека расте меѓународниот притисок за прекин на огнот, јави агенцијата АП. Меѓу загинатите имало деветмина од исто семејство настрадани во куќа во бегалскиот камп Нусеират, според персоналот во болницата Ал-Авда, каде биле донесени телата. Пет други лица биле убиени кога нападот погодил шатор за раселени лица, според болницата во која биле донесени телата на загинатите. Израелската армија соопшти... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски до кандидатите за градоначалници: Кампањата не смее да биде театар на празни ветувања

Кампањата не смее да биде театар на празни ветувања, вашиот мандат е договор со граѓаните, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на промоцијата на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа во Штип на 27 септември. Мицкоски рече дека очекувањата секогаш се високи и оти народот очекува подобар живот, сигурност, правдина и перспектива. „Но, во суштина тој очекува нешто уште подлабоко: достоинственост и човечност, да не биде излажан, да не биде третиран како средство... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Неидентификувани дронови над најголемата воена база во Данска

Неидентификувани дронови биле забележани ноќта меѓу 26 и 27 септември над најголемата воена база во Данска, соопшти полицијата, најнови во низата забележани надлетувања што данските власти ги нарекоа „хибриден напад“, јави агенцијата АФП. Мистериозните набљудувања со беспилотни летала доведоа до тоа да се затворат неколку аеродроми во скандинавската земја од понеделникот, кога беа забележани првите дронови. „Можам да потврдам дека имавме инцидент околу 20. 15 часот во петокот, што траеше неколку часа. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Неуспешен обид на Русија и Кина во ОН да ги одложат санкциите против Иран за шест месеци

Обединетите нации(ОН) предводени од таканаречената европска тројка - Велика Британија, Франција и Германија - се чини дека се подготвени повторно да воведат широки санкции против Иран откако Советот за безбедност го отфрли барањето на Русија и Кина тој потег да се одложи. Доколку не се постигне итен договор во последен момент, ОН повторно ќе воведе серија мерки против Иран на 27 септември. Мерките вклучуваат ембарго за конвенционално оружје, ограничувања за активности со балистички ракети, забрана за збогатување и преработка на ураниум... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Германската влада сака да постигне договор за депортација со Сирија

Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт изјави дека владата сака да постигне договор со Сирија оваа година за депортација на одбиени баратели на азил, јави агенцијата ДПА. „Сакаме да постигнеме договор со Сирија оваа година и прво да ги депортираме криминалците, а потоа и оние без законски престој“, изјави Добринт за весникот „Рајнише пост“ во изјава објавена во сабота, 27 септември. „Важно е да се направи разлика помеѓу луѓето кои се добро интегрирани и работат и оние без... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Жртвите на фемицид се слушаат кога се веќе мртви

По последниот случај на фемицид во кој беше убиена велешанката, Росица Коцева, Движењето за слобода и правда на жените, „Ниту eдна повеќе“ организираше протести во Скопје. Меѓу оние кои протестираа е и Сара Миленковска, политиколог и м-р по родови студии, со која разговараше РСЕ.