World News in Macedonian
Ноябрь
2025

Новости за 13.11.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалните сили „Волци“ на меѓународната воена вежба „ОРИОН-25“ во Грција

Во десетина комплексни сценарија на копно, во вода и воздух, специјалните сили од девет држави, меѓу кои и македонските „Волци“, ги демонстрираа своите способности и капацитети на меѓународната воена вежба „ОРИОН-25“ што се одржува во Грција. Вежбата започна на 3 ноември и завршува утре, а во неа учествуваат припадници на Командата за специјална војна на Грција, Единицата за подводни мисии на Крајбрежната служба, Единицата за борба против тероризам на грчката полиција, како и сили за специјални операции од Бугарија... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за финансии ќе исплати 17,6 милиони евра од втората Граѓанска обврзница

Министерството за финансии најави дека утре ќе се изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената втора Граѓанска обврзница. На сметките на граѓаните кои запишаа обврзници ќе бидат префрлени 17,6 милиони евра како главница и 880 илјади евра како камата. Втората Граѓанска обврзница беше издадена на 7 ноември 2023 година со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5% годишно. Министерството истакнува дека досега се издадени две емисии во вкупен износ од 41,1 милиони евра... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Народна банка - Економски раст во 2025 од 3,5 отсто и пад на инфлацијата на 3,9

Македонската економија покажува отпорност и стабилност, со очекуван солиден раст и постепено намалување на инфлацијата во следните години, покажуваат најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2025–2028 година, што ги претстави гувернерот Трајко Славески пред дипломатскиот кор и претставници на меѓународните институции. Според проекциите, инфлацијата во 2025 година ќе изнесува во просек 3,9 отсто, а потоа ќе продолжи да опаѓа – на 2,5 проценти во 2026 година и 2 отсто на среден рок. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Фирма за отпадоци се „офајдила“ од зграда на парцелата за која се гони Беџети

Поранешниот градоначалник и актуелен пратеник на ДУИ, се гони за имот на кој никнала зграда на пет ката. Тој и други функционери и службеници од Сарај и Град Скопје се сомничат дека издале одобрение за градба за парцела каде немало ДУП. Приватна фирма, како инвеститор, со дејност трговија со отпадоци, „заработила“ 1,7 милиони евра.

SlobodnaEvropa.mk 

Кривична пријава за осуммина поранешни функционери и службеници во Сарај

Осум физички лица – поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје, како и надзорен инженер добија кривична пријава поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги. Како што информираат од Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство, кривична пријава е поднесена против лицата Б.Б. во својство на поранешен градоначалник, С.Ш. и Ќ.К. во својство на поранешни секретари во Општина Сарај... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Екологијата на маргините, граѓаните на блокади, во институциите молк

Жителите на село Љубојно, на падините на планината Баба, веќе три месеци стојат на блокади решени да го одбранат селото, од како што велат, масовната сеча. Откако шумата над селото е оголена, тие велат дека дождот за само половина час ги поплавува дворовите и улиците во Љубојно. Причината според нив е очигледна: „Не треба да си генијалец за да сфатиш колку се важни дрвјата. Народот стои на блокади против ова масовно уништување“, раскажуваат активистите од „Зелена Народна Стража“ кои со денови го блокираат патот што води кон планината. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп го потпиша законот за финансирање, заврши најдолгата блокада на владата на САД досега

На 12 ноември, претседателот Доналд Трамп потпиша закон за финансирање со кој се стави крај на најдолгото затворање на владата во историјата на САД, кратко откако Претставничкиот дом гласаше за одобрување на мерката. Потписот на Трамп, кој се сметаше за формалност откако мерките беа усвоени во двата дома на Конгресот, стави крај на 43-дневниот застој што остави стотици илјади федерални работници без плата и ги наруши јавните услуги. „Значи, со мојот потпис, федералната влада сега ќе продолжи со вообичаеното работење... Читать дальше...