Кочани доби Центар за ментална поддршка по пожарот во „Пулс“ на 16 март
Регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка беше отворен во Кочани на 21 ноември, осум месеци по пожарот во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 63 лица а над 200 беа повредени и два дена по почетокот на судскиот процес за овој случај за кој се обвинети 34 лица и три фирми. Министерот за здравство Азир Алиу рече дека во прва фаза, во центарот ќе работат девет психолози кои ќе обезбедуваат индивидуални и групни сесии, психо-едукација и поддршка за погодените од пожарот и за пошироката заедница. Читать дальше...