Пјонгјанг: Ќе преговараме ако Вашингтон го смени пристапот
Вашингтон треба да го смени својот пристап ако сака да продолжат разговорите со Северна Кореја, изјави денеска главниот преговарач на Пјонгјанг за нуклеарната програма, Ким Мијонг Гил, пренесе АП. Тој го изјави ова на аеродромот во Пекинг, на враќањето кон Северна Кореја, а по разговорите со неговиот американски колега Стивен Бјугун.
„Дали ќе има дополнителни разговори или не, зависи од САД. Да почекаме и да видиме“, им рече Ким на новинарите, оценувајќи ја средбата „како многу лоша“.
Синоќа Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги обвини САД дека „се обиделе да ја заведат јавноста и дека шират целосно неоснована приказна дека двете страни повторно се отворени за средба“.