Могерини: На 30-ти септември, Вие го имате клучот за вашата иднина
„На 30-ти септември кога ќе излезете на гласање, запамтете дека вие го имате клучот за вашата иднина. Немојте да молчите, клучевите се кај вас и немојте да ја пропуштите ова можност, бидејќи се работи за вашата иднина,“ порача шефицата на европска дипломатија Федерика Могерини по денешната средба со премиерот Зоран Заев во Старата чаршија. Могерини истакна дека вратите на ЕУ остануваат отворени за Македонија и дека само со заедништво и посветеност може да се постигне многу во однос на просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот. Читать дальше...