Израел спроведе, како што ги нарече, „превентивни“ напади врз иранските нуклеарни објекти и воени локации низ целата земја на 13 јуни, со предупредување дека нападите ќе продолжат сè додека е потребно, за да се спречи Техеран да произведува нуклеарно оружје.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел започнал, како што рече, насочена воена операција „за да ја отстрани иранската закана за самиот опстанок на Израел“.
Тој рече дека нападот „ќе продолжи онолку дена колку што е потребно за да се отстрани оваа закана“. Читать дальше...