Стотици илјади цивили се заробени поради ескалацијата на борбите во Ел Фашер, главниот град на суданската држава Северен Дарфур, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).
„Со борбите што се продлабочуваат во градот и отсечените патишта за бегство, стотици илјади цивили се заробени и преплашени - гранатирани, гладни и без пристап до храна, здравствена заштита или безбедност“, алармира координаторот на ОН за итна помош, Том Флечер.
Флечер соопшти дека е „длабоко вознемирен... Читать дальше...