Папата Франциск не е во животна опасност, но не е целосно излечен
Папата Франциск, кој се лекува во болница од билатерална пневмонија, не е во животна опасност, но не е целосно закрепнат и неговата состојба може да се промени, изјави денеска (21 февруари) еден од неговите лекари во болницата „Агостино Џемели“ во Рим, Италија, јави агенцијата Ројтерс. „Ако прашањето е 'дали е надвор од опасност', одговорот е 'не'“, рече Серхио Алфиери на денешната прес-конференција во Рим. „Но, ако потоа не прашате дали во овој момент неговиот живот е во опасност, одговорот е (исто така) 'не'“, додаде тој. Читать дальше...