World News in Macedonian
Февраль
2025

Новости за 13.02.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Запленети 188 килограми марихуана, спречен меѓународен канал за шверц на дрога

Царинската управа и Бирото за јавна безбедност спровеле заедничка акција во која се запленети 188,6 килограми марихуана, со што спречен меѓународен канал за шверц на дрога. Двајца возачи се лишени од слобода, а против нив е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Како што информираше директорот на Царинската управа Бобан Николовски, дрогата била пронајдена во камион натоварен со рециклирана хартија на граничен премин Богородица. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ДУИ започна процес на реформи и ветинг во партијата

Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево соопшти дека започна сеопфатен процес на реформи и ветинг, предводен од претседателот на партијата Али Ахмети и раководството. Според соопштението, оваа иницијатива ја истакнува посветеноста на ДУИ за добро владеење и интегритет, со цел поставување нови стандарди за политичките партии во регионот. „Пратениците од ДУИ го започнаа процесот со проценка на ризик од корупција и потпишување на Кодексот за добра пракса и интегритет, кој е усогласен... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Калас: Ќе се обидеме да го направиме функционален дијалогот меѓу Косово и Србија

Шефицата на европската дипломатија Каја Калас најави можност за преиспитување на форматот на дијалогот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, наведувајќи дека слушнала критики за пристапот кон досегашниот процес. Во интервју за „European desk“ за кое се собраа новински агенции од околу 20 европски земји, таа изјави дека во март ќе разговара со новоименуваниот специјален претставник за дијалогот Косово-Србија, Питер Соренсен, за тоа како дијалогот да продолжи.  „Затоа што е јасно дека... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓани со тапани и свирежи опструираа седница на Владата на Црна Гора

Црногорските граѓани ја опструираа владината седница во Подгорица на 13-ти февруари со сирени, тапани и свирежи за да го изразат своето незадоволство од начинот на кој институциите се справуваат со масовното убиство во Цетиње. Опструирањето на седницата е дел од шестчасовната блокада на булеварот кај Владата, организирана од неформалната студентска група „Камо шутра“. Имено, во моментот на убиствата во Цетиње на 1 јануари, полицијата речиси шест часа трагаше по Ацо Мартиновиќ, кој се самоуби откако на повеќе локации во градот уби 13 лица. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинителство нареди вонредни инспекции за воздухот во Скопје

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска се спроведуваат координирани вонредни инспекциски надзори на подрачјето на главниот град. Во акцијата учествуваат Државниот инспекторат за животна средина, општинските инспектори од скопските општини и Градот Скопје, Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување. Овие информации произлегуваат од официјален извештај на Јавното обвинителство. „Дејствијата се преземаат во рамките на предмет... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Продолжува расправата за концепцијата за гимназиско образование, средношколците ќе имаат нови учебници

Се уште се дискутира за предлозите и барањата што стигнуваат во врска со концепцијата за реформи во гимназиското образование, изјави денеска (13 февруари)министерката за образование Весна Јаневска.  Таа додаде дека наставните програми ќе се менуваат од септември, а учениците „ќе имаат нови учебници за средно гимназиско“. „За концепцијата ќе имаме приближно една година време за да ја стокмиме така како што треба да изгледа и да биде соодветна на програмите од Европска Унија за нашите гимназијалци... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Бојкот и нови мерки: Ќе се намалат ли цените во маркетите?

Цените на основните прехранбени производи се во пораст алармираат граѓаните и бараат решенија. Владата се обидува со нови мерки, меѓу кои ограничување на маржите и дополнителна кошничка со пониски цени, додека бојкотите на супермаркетите се шират низ Балканот и Европа.

SlobodnaEvropa.mk 

Филипче: Промената на Коцевски е обид за партизација

Промената на еден обвинител и замена со нов не е решение, туку е партизација. Ова денеска (13 февруари) го изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој смета дека не е добро да се прифати интерпелацијата на републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Ова како што рече Филипче не е во реформската агенда за правосудството, која е единствено решение за негова независност. „Сметам дека тука станува збор за партизација. Не сакам да коментирам ничија експертиза и знаење, особено во судската власт. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од 10 повредени, откако маж фрлил граната во францускиот град Гренобл

Повеќе од 10 лица се повредени откако експлодирала граната во кафе бар во градот Гренобл во југоисточна Франција. „Најостро го осудувам криминалниот чин на насилство без преседан што се случи во продавница во областа Олимписко село, што предизвика повеќе од 10 повреди, од кои неколку сериозни“, рече градоначалникот на Гренобл, Ерик Пиоле во објава на социјалните мрежи. Обвинителот Кристоф Барет изјави дека напаѓачот поседувал автоматска пушка од типот калашников, која не била употребена. Точните... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Со измами за лажни сообраќајки изнудуваат илјадници евра

Расте бројот на измамени граѓани кои платиле на лажни полицајци кои им понудиле „помош“ да сокријат дека некој од нивните блиски сторил сообраќајка во која загинал човек па дури и дете. Последни се неколку случаи во Куманово каде жена платила дури 30 илјади евра, а подоцна дознала дека е измамена.

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 75000 федерални вработени во САД ја прифатиле понудата за отпремнина

Околу 75000 американски федерални вработени го прифатија пакетот за отпремнина предложен од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот на американската Канцеларија за човечки ресурси. Отпремнините е еден од начините на кои Трамп бара да го намали бројот на федерални вработени, што изнесува вкупно 2,3 милиони и кој тој го смета за неефикасен, пренесува Ројтерс. Официјални претставници посочија дека Трамп планира да отпушти до 70 отсто од персоналот во одредени владини агенции. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Генерален штрајк во Белгија против најавените реформи на владата

Во Белгија денеска (13 феврауари) се одржува генерален штрајк, поради што се откажани сите летови од белгиските аеродроми, редуциран е јавниот превоз и не работат јавната администрација, државната пошта, училиштата и комуналните служби, како затворските чувари.  Штрајкот е во организација на неколку белгиски синдикати, како резултат на незадоволство од најавените реформи и економска политика на новата Федерална влада на Белгија.  Согласно Коалицискиот договор за формирање на Владата, постигнат на 31 јануари... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Одлука за ограничување на маржите на седница на Влада

Владата денеска (13 феврауари) на седница треба да ја донесе одлуката за 10-процентно ограничување на маржите во трговијата на мало и големо. Одлуката, според најавите, ќе важи до 30 април и ќе опфаќа над 100 групи производи. Како што информира Владата покрај основните прехранбени производи одлуката ќе вклучува и средства за хигиена, бебешка храна и непрехранбени производи кои имаат многу висока маржа, а се дел од основните потреби на граѓаните.  Одлуката ќе биде донесена врз основа на извештајот од Државниот пазарен инспекторат... Читать дальше...