Конзервативниот сенатор Мигел Урибе, кандидат за претседател на Колумбија на изборите следната година, беше ранет во Богота за време на предизборен митинг.
Видео објавено на социјалните мрежи покажува истрели додека 39-годишниот политичар држи говор на предизборен митинг западно од колумбиската престолнина, објави АФП.
Градоначалникот на Богота, Карлос Галан, изјави дека Урибе е во болница и дека „напаѓачот е уапсен“.
Осомничениот напаѓач е малолетник кој отворил оган околу 17:30 часот по локално време. Читать дальше...