Здравствено осигурување по модел на пензиското, со повеќе фондови би им помогнало на пациентите смета професорот и епидемиолог, но и поранешен министер за здравство Драган Даниловски. Во интервју за РСЕ вели дека приватните болници не смее да се фаворизираат на сметка на државните.
Професорот и поранешен министер за здравство Драган Даниловски смета дека има погорливи проблеми за решавање од изградба на нов Клинички центар. Според него, треба да се спојат клиниките во еден субјект со професинални, а не партиски менаџери. Спас гледа во вложување во регионалните центри.