Северна Македонија трпи неверојатни загуби на вода, кои во некои региони достигнуваат и до 73 отсто, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика. Институцијата бара целосна надлежност за заштита на водниот сектор како еден од најранливите на последиците од климатските промени.
Техничката влада во заминување донесе неколку одлуки кои и предизвикуваат главоболки на новата, уште неседната влада. И проблемите со градскиот превоз во Скопје, веројатно ќе чекаат нова градска власт. Зошто за лекување во странство се собираат донации, а не му се верува на Фондот за здравствено осигурување? Њузлетер 21.06.2024