Државните институции без доволно вработени за справување со информатички безбедносни инциденти, а само една институција има сертификат за информациска безбедност, откри Ревизијата. Министерот Андоновски најавува воспоставување на минимум стандарди за сајбер безбедност во институциите.
Социјалдемократите се пред избор на шестиот партиски лидер. Изборите следуваат по најлошиот изборен резултат во историјата на партијата, а жешкиот костен да го „рехабилитираат“ СДСМ ќе заврши кај еден од четворицата кандидати. Сите се познати во јавноста и сметаат дека партијата треба да се врати на социјалдемократијата и да се доближи до членството и граѓаните.
Повеќе од 10 американски државјани моментално се наоѓаат во руските затвори, обвинети или осудени по обвиненија, од поседување дрога и кражба до предавство и шпионажа. Некои можеби се предмет на преговори зад сцената за размена на затвореници.
Премиерот Мицкоски амбициозно најави фуриозна работа уште во првите 100 дена на новата влада, инвестиции и економско заживување, намалување даноци, зголемени пензии, спас на здравството... Ги подигна очекувањата, но доколку новата власт потфрли, разочарувањето ќе биде уште поголемо. Њузлетер 28.06.2024