World News in Macedonian
Июль
2025

Новости за 16.07.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Израел го нападна Дамаск додека беснеат борби во јужна Сирија

Силни воздушни напади денеска го потресоа Дамаск, а беа насочени кон Министерството за одбрана, додека Израел вети дека ќе ги уништи сириските владини сили што ги напаѓаат заедниците Друзи во јужна Сирија и побара нивно повлекување. Немаше непосреден коментар од Израел за силните напади денеска попладнево, за кои сириските државни медиуми соопштија дека биле извршени од израелските сили. Израелската армија претходно најави напад врз влезот во комплексот на Министерството за одбрана. Непосредно пред силните експлозии... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата влегла во неколку скопски општини поради обезбедување докази за дивоградби

Повеќе оддели во рамки на МВР-организиран криминал, крим полиција, СВР Скопје во текот на вчерашниот ден влегле во повеќе општини во рамки на Град Скопје при што постапуваат по конкретни наредби дадени од јавен обвинител, а поврзани со бесправни градби, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во насока на обезбедување докази за бесправна градба, Тошковски посочи дека е влезено во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода. „Не би можел да споделам во овој момент информации во врска со обезбедна документација... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Коцевски: Нема политичко влијание на мојата работа

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека врз неговата работа нема политичко влијание, оценувајќи го извештајот на Европската комисија за правосудството како реален и објективен. Тој посочи на напредок во транспарентноста и борбата против високата корупција, но и на сериозни предизвици како што се недоволниот буџет и недостигот од кадар во Обвинителството. Одговарајќи на новинарски прашања поврзани со извештајот на Европската комисија околу правосудството, Коцевски посочи дека Комисијата правилно ги проценила работите. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Владата повторно разгледува линеарно зголемување на пензиите

Пензиите во септември секако ќе се зголемат - ако е процентуално зголемување, тие со најниска пензија ќе добијат плус по околу 700 денари месечно. За да има линеарно зголемување треба да се смени законот за пензиско и инвалидско осигурување, а неизвесно е дали тоа ќе се случи до распишувањето на локалните избори околу 8 август.

SlobodnaEvropa.mk 

Владата ќе побара 8,5 милиони евра од Планот за раст

Владата на вчерашната седница донела одлука да побара ослободување на дел од парите од европскиот План за раст предвидени во Реформската агенда 2024-2027 година, за кои планот за реализација е до јуни годинава. Според прелиминарните проценки на Европската Комисија за спроведеното до декември 2024 година биле исполнети околу 40 проценти од ветеното, со што се исполнува условот за повлекување на половина од предвидените пари, брифираат од Министерството за европски прашања. Според тоа македонската... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Жељко Комшиќ е нов претседавач со Претседателството на БиХ

Хрватскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, кој е избран со гласовите на бошњачките избирачи, од денеска (16 јули) ја презема функцијата претседавач со Претседателството на БиХ. Комшиќ на оваа позиција доаѓа по принципот на ротација, заменувајќи ја српската членка на Претседателството, Жељка Цвијановиќ. Како што соопштија од Претседателството на БиХ, Комшиќ ќе ја извршува функцијата претседавач во наредните осум месеци. Изборот на Комшиќ и понатаму е причина за незадоволство кај Хрватите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Блокади, но и правна битка за спас на Дошница

Граѓанскиот отпор продолжува, но и правна битка најавуваат активистите против изградбата на две мали хидроцентрали на реката Дошница, на планината Кожуф. Тие велат дека јавноста е целосно исклучена од процесот на одобрување на мали хидроцентрали. Од друга страна, Владата му го продолжи рокот за изградба на концесионерот за двете мали хидроцентрали за една година.

SlobodnaEvropa.mk 

Болсонаро обвинет за уништување на демократскиот поредок

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е обвинет дека е главниот актер зад „најсериозните дејствија за уништување на демократскиот уставен поредок“, се наведува во покренатото обвинение против него, јави ДПА. Во документ од 517 страници од Канцеларијата на државниот обвинител на Бразил, што вчера му бил доставен на Врховниот суд, исто така, се наведува: „Вршејќи ја највисоката функција во републиката, тој го инструментализираше државниот апарат и намерно спроведе одржлив систем на напади... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Сѐ уште гори во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола

До 08:00 часот утрово (16 јули) во земјава се евидентирани 21 пожар, од кои активни се два, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот кај селата Џидимирци-Крушје-Иванковци во Општина Велес каде што годи мешана шума, како и во Општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина каде што огнот зафатил деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација. Под контрола е ставен пожарот во селото Николич во Општина Дојран за... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп: Наскоро ќе бидат испратени писма за царините до помалите земји

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека наскоро ќе бидат испратени писма со кои помалите земји ќе се информираат за новите американски царински стапки, додавајќи дека неговата администрација веројатно ќе воведе царини од „малку повеќе од 10 проценти“ на овие земји. Трамп, разговарајќи со новинарите по пристигнувањето од настан во Питсбург, рече дека е многу задоволен од „едноставните договори“ што веќе се објавени за воспоставување општи царини за повеќе од 20 земји, јавија британските медиуми. Читать дальше...