World News in Macedonian
Июль
2025

Новости за 23.07.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Велика Британија воведе санкции против криумчарите на луѓе

Велика Британија воведе санкции против озлогласените банди вклучени во криумчарење луѓе и против нивните помагачи, објави Министерството за надворешни работи на Велика Британија. Акцијата е дел од кампањата на британската влада за заштита на своите граници и намалување на нерегуларната миграција. Меѓу санкционираните се членови на црногорските криминални групи - шкаљарски и кавачки клан, како и шверцери од Србија, Северна Африка и Блискиот Исток. Санкциите опфаќаат замрзнување сметки, забрана... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Герапетритис: Атина го поддржува Скопје на европскиот пат, важна е целосна имплементација на договорот од Преспа

„Длабоко верувам во потенцијалот на нашите односи. Во силата на дипломатијата заснована на почит и во нашата заедничка способност да изградиме иднина што ќе биде функционална. Не само денес, туку и за генерациите што доаѓаат“, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис во Атина и порача дека „меѓусебното почитување е основата врз која се гради трајна соработка“. На средбата на шефовите на двете дипломатии во фокусот беа билатералните односи... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од 100 организации бараат итно да се стави крај на гладот во Газа

Повеќе од 100 хуманитарни организации и организации за човекови права ги повикаа владите итно да дејствуваат за да го спречат ширењето на гладот во Газа. Тие, исто така, побараа итен и траен прекин на огнот, како и отстранување на сите пречки за дистрибуција на хуманитарна помош. Во соопштението, потпишано од 111 организации, вклучувајќи ги „Мерсу корпс“ (Mercy Corps), Норвешкиот совет за бегалци и „Рефјуџис интернешнал“ (Refugees International), се предупредува дека гладот во Газа се шири со брзо темпо... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Независните советници „сардисани“ во правна битка пред избори

Зелен хуман град ќе стане партија за да се избегне правен вакум и да може да се кандидира на локалните избори во Градот Скопје. Независните советниците се жалат на дискриминација во изборите а пратениците од владејачкото мнозинство им порачуваат дека без потписи немаат легитимитет .

SlobodnaEvropa.mk 

Собрание: Гаши е во стабилна здравствена состојба

Стабилна е здравствената состојба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, информира собраниската прес-служба откако Гаши синоќа бил хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје поради болки во стомакот. „Во моментов се вршат детални лекарски прегледи. Сите понатамошни информации ќе бидат навремено доставени до јавноста од надлежните институции“, соопштија од Собранието. Оттаму нема детали како ќе работи законодавниот дом и дали се откажани некои од активностите на претседателот на Собранието. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Светската здравствена организација предупреди на епидемија од вирус што го шират комарци

Светската здравствена организација (СЗО) упати итен апел за спречување на повторна појава на епидемијата на вирусот чикунгуња, што го шират комарци. Таква епидемија го зафати светот пред две децении. Причина за загриженост се новите епидемии во регионот на Индискиот Океан, кои сега се шират во Европа и на други континенти. Според претставникот на СЗО, Дијана Рохас Алварез, околу 5,6 милијарди луѓе во 119 земји живеат во области каде што постои ризик од овој вирус, кој предизвикува треска, силна... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Отворени пред чет ботовите, отуѓени од луѓето - каде е границата?

Некој разговара со чет бот за да поправи нешто по дома, а некој за да има „пријател“. Светската статистика покажува дека секој шести човек на планетава е осамен. На толку осамени, очекувано е да има луѓе кои полесно ќе се поврзат до компјутер отколку со човек, велат психотерапевтите.

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот канцелар под притисок да го заостри ставот кон Израел

Германскиот канцелар Фридрих Мерц е под притисок да го заостри ставот кон Израел. Членовите на неговата коалиција бараат Берлин да се придружи на изјавата на десетици западни земји во која се осудуваат „нехуманите убиства“ на Палестинците. Мерц, кој е претседател на германската десничарска Христијанско-демократската унија (ЦДУ) е сè покритичен кон Израел. Сепак, неговата земја не беше вклучена во заедничката изјава - објавена во понеделник од комесарот на Европската унија (ЕУ)за управување со кризи и 28 западни земји... Читать дальше...