World News in Macedonian
Июль
2025

Новости за 21.07.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Гаши: Прашањето за учество на независните кандидати на изборите ќе мора да се реши

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека прашањето за учеството на независните кандидати на претстојните локлани избори ќе мора да се реши, но ,ни самиот не знае како и кога би се согласиле парламентарните партии да го донесат законот. Тој потенцира дека ова прашање ако не се реши до одморите, ќе мора по одморите кон крајот на август. „Препораките на Уставниот суд беа да се донесе нов Изборен законик, кој ни е во процедура но не можеме да го поминеме... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски ќе предложи синдикалната минимална кошничка да биде поделена во пет сегменти

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека интензивно работи со професори и со министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши за преземање мерки за намалување на цените на производите, како и на предлог за нови анализи за потрошувачката кошничка. Мицкоски очекува наскоро да биде закажан Економско-социјалниот совет (ЕСС), а на состанокот ќе се разговара и на темата за потрошувачката кошничка. „На тој Економско-социјален совет претставниците на синдикатите, на работодавачите и Владата ќе разговараат и за потрошувачката кошничка... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Сè уште нема договор за составот на косовското собрание

Косовските пратеници не успеаја во својот 50-ти обид да формираат собрание, и покрај најавите дека во текот на викендот може да се постигне договор за ставање крај на кризата предизвикана од институционалната блокада поради несогласувањата меѓу парламентарните партии. На седницата во понеделник беа присутни 104 од 120 пратеници. Фатон Пеци од партијата Гуксо, која е во коалиција со Движењето Самоопределување и Алтернативата, рече дека се вложени големи напори за формирање на собранието и ги повика сите пратеници да размислат за ситуацијата. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 19 загинати откако авион на воздухопловните сили се урна врз училиште во Бангладеш

Најмалку 19 лица загинаа на 21 јули кога авион за обука на воена армија од Бангладеш се урна во кампусот на приватно основно и средно училиште во Дака, изјави претставник на противпожарната служба. Повеќе од 50 лица, вклучувајќи деца и возрасни, се хоспитализирани со изгореници, изјави за новинарите лекар од Националниот институт за изгореници и пластична хирургија. Авионот се урна во кампусот на приватното училиште и колеџ „Мајлстоун“ во северниот округ Утара во Дака, соопштија официјални лица.... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Јулската синдикална кошница зголемена за 630 денари во однос на јуни

Вредноста на синдикалната минимална кошница за домаќинство за јули 2025 година изнесува 65.328 денари и е зголемена за 630 денари во однос за јуни кога изнесуваше 64.698 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март, додава ССМ, кошницата изнесува 80 703 денари. Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храна и пијалаци, за 63-те производи кои ги следи СМК, за јули 2025 изнесува 23.682 денари и споредено со јуни 2025 (23 167 денари) е зголемена за 515 денари.

SlobodnaEvropa.mk 

ДКСК: Собранието е единствената институција која може да ја разреши претседателката Димитровска

Oдлуката за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателката Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат е во надлежност на Собранието согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, се наведува во денешното соопштение на Државната комисија за спречување на корупцијата. Од Комисијата напоменуваат дека поднесување оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка на Антикорупциска. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пакистан уапси 11 лица по виралното видео за наводно убиство од „чест“

Најмалку 11 осомничени се уапсени откако видеото од бруталното убиство на млад пар во планинскиот регион Белуџистан предизвика шок и осуда низ целиот Пакистан и светот. Локалниот племенски совет (џирга) наводно наредил убиство бидејќи парот се венчал без согласност на нивните семејства. Идентитетите на жртвите не беа веднаш објавени. На видеото се гледа како жената држи Куран и го моли мажот да направи седум чекори со неа пред да се согласи да биде убиена. Иако е погодена, таа останува исправена и пркосна... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓаните со паралелен трошок, покрај државното плаќаат и приватно здравствено осигурување

Приватното здравствено осигурување се попримамливо за граѓаните. Се почесто се вртат огласи за вработување во кои меѓу другото како едно од поволностите е и дека вработениот ќе може да се лекува во приватни болници. Осигурителните компании нудат најразлични пакети, државата крева раменици.

SlobodnaEvropa.mk 

Иран вели дека ќе се сретне со европските сили во Истанбул на 25 јули

Иран ќе се сретне со претставници од Велика Британија, Франција и Германија - таканаречената Европска тројка - во Истанбул на 25 јули за да разговараат за нуклеарната програма на земјата, бидејќи западните земји го зголемуваат притисокот врз Техеран да постигне договор или да се соочи со нови санкции. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, доцна на 20 јули изјави дека разговорите ќе се одржат на ниво на заменик-министри за надворешни работи. „Како одговор на барањето на европските земји... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Закони има и се носат, ама без политичка волја нема непартиска администрација

Новите закони за администрацијата се донесени и сега ќе се чека да ги дадат првите резултати. Власта ветува реформа додека констатира дека 40% од административците ништо не работат. Синдикатите велат проблем се партиските и роднинските вработувања, а недостигаат стручни работници. Ќе се промени ли состојбата со новите закони?

SlobodnaEvropa.mk 

Еквадор го екстрадира водечкиот шверцер на дрога во САД

Еквадорската влада во неделата го екстрадираше во САД главниот трговец со дрога Адолфо Масијас, познат по прекарот „Фито“, еден месец откако беше фатен. Масијас избега од затвор со максимално обезбедување во 2024 година. Американското обвинителство објави обвинение против него во април. Опишан како водач на бандата „Лос Чонерос“, Масијас е обвинет за дистрибуција на кокаин, заговор и вооружено насилство, вклучително и трговија со оружје. Во писмо објавено од Министерството за правда на САД се вели... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Од другата страна на слушалката - За што „гори“ линијата 112?

На европскиот и македонски број за итни случаи 112 граѓаните вртат кога е итно, но знаат да свртат и кога не е баш толку итно, велат од тимот во националниот центар во Скопје. Па така, додека некои повици за помош се траорни, други имаат и хумористична нота, а прераснале и во анегдоти. Го реобјавуваме видеото кое го пренесува искуството на операторите и нивните предизвици.

SlobodnaEvropa.mk 

ЦУК: Активни се четири пожари во неколку општини

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 08:00 часот изутринава на територијата на државата се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола, а 15 се изгаснати. Активни пожари има кај село Нивичино во Општина Василево, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, кај село Грешница во Општина Македонски Брод, помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа во Општина Македонски Брод и помеѓу селата Царевиќ и Смолан во Општина Приле. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трендот на затворање медиуми на Западен Балкан и последиците

Западниот Балкан, со проценето население од околу 20 милиони луѓе, е во опасност да остане без извори на информации што ги емитуваат странските медиуми кои не се под влијание на водечките политички сили во земјите од регионот. Првичниот удар беше зададен со откажувањето на донациите од буџетот на поранешната УСАИД, а најновото изненадување беше затворањето на регионалниот проект на катарската Ал Џезира Балканс. Повеќе од 200 луѓе во оваа медиумска мрежа ги загубија своите работни места, а конкретните причини за затворањето... Читать дальше...