World News in Macedonian
Июль
2025

Новости за 20.07.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Пати Смит на концерт посвети песна на Радио Слободна Европа

Американската пејачка, поетеса и активистка Пати Смит изрази поддршка за Радио Слободна Европа (РСЕ), привлекувајќи внимание на важноста на независното новинарство и предупредувајќи на проблемите со финансирањето под сегашната американска администрација, објави Радио Слободна Европа на англиски јазик. За време на концертот на 19 јули во Прага, каде се наоѓа седиштето на РСЕ, 78-годишна музичарка направи пауза пред да ја отпее својата протестна химна „Луѓето ја имаат моќта“ за да ја посвети песната на „Стив и сите во Радио Слободна Европа“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Иран ги замени системите за воздушна одбрана оштетени во конфликтот со Израел

Иран ги замени системите за воздушна одбрана оштетени во конфликтот со Израел минатиот месец, објави иранската новинска агенција „Дефа прес“, цитирајќи го Махмуд Мусави, заменик-командант на армијата. За време на конфликтот во јуни, израелските воздухопловни сили доминираа во иранскиот воздушен простор и нанесоа тежок удар на воздушната одбрана на Иран, бидејќи вооружените сили на Иран лансираа повеќекратни баражи од ракети и беспилотни летала на израелска територија, јави Ројтерс. „Некои од нашите противвоздушни системи беа оштетени... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Израел издаде наредба за евакуација на централниот дел на Појасот Газа

Израелската армија издаде нови предупредувања за евакуација на централниот дел на Појасот Газа, што би го спречило пристапот од центарот кон југот на областа. Израел и милитантната група Хамас, која САД и Европската Унија ја сметаат за терористичка организација, моментално преговараат за прекин на огнот во Катар, а меѓународните експерти тврдат дека досега нема напредок, јави агенцијата АП. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постојано повторува дека проширувањето на воените операции на земјата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Сирија објави прекин на огнот во Свеида

Владата на Сирија објави прекин на огнот во градот Свеида, една недела по судирите меѓу локалната верска заедница Друзи и војската, јави агенцијата АФП. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Нуредин ел-Баба, напиша на Телеграм дека сите „племенски борци се евакуирани од Свеида“, додека борбите во градските населби се завршени. Конфликтот меѓу Друзите и сунитските бедуини се интензивираше минатата недела, на 13 јули и оттогаш во борбите загинаа околу 940 лица, според невладината организација... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Активни пожари кај Желино, Василево, Македонски Брод и Прилеп

Во последното деноноќие имаше 29 пожари. Од нив, активни се пет, два се под контрола и 22 се изгаснати, соопшти Центрарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите до 8 часот на 20 јули. Активни се пожарите кај село Желино према Еребино, на планината Жеден, кај село Нивичино во општина Василево, кај неколку села во Македонски Брод и меѓу селата Царевиќ и Смолани во општина Прилеп. Под контрола се пожарите кај село Слатина, Македонски Брод и кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во општина Велес. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Јаневска: Нема трајно вработување за образовните асистенти

Министерката за образование Весна Јаневска смета дека не може да се исполни барањето на родителите на децата со атипичен развој за трајно вработување на образовните асистенти, затоа што потребите во училиштата се, како што вели, променливи. Дел од родителите јавно посочуваа дека со честите промени на образовните асистенти се создава ризик за регрес во образовниот процес на нивните деца.

SlobodnaEvropa.mk 

Јаневска: Дел од 1100-те училишта ќе бидат оптимизирани, нема потреба сите да постојат

Министерката за образование Весна Јаневска им порача на градоначлниците да ги искористат празните училишта за друга намена. Спроведена е оптимизација и околу стотина подрачни училишта во 20 општини во кои нема или има мал број на ученици се затворени.