Црната листа на САД ќе се проширува и покрај името на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на неа ќе се најдат и други македонски граѓани, рече на 21 јуни американската амбасадорка Анџела Агелер. Но, како што вели, не може да прецизира кога ќе биде донесена.
Процесот за тоа кој ќе се најде на црната листа, трае долго и внимателно се спроведува и се врши ревизија на сите докази и сè што е утврдено, вели амбасадорката.
Во Соединетите Американски Држави, додаде, имаме многу сериозен пристап кон борбата со корупцијата. Читать дальше...